Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски упати чеситка по повод Меѓународниот ден на Бошњаците.
„Денес е 28 Септември – Меѓународниот ден на Бошњаците. На денешен ден пред 28 години во Сараево, БиХ, одржан е првиот себошњачки собир на кој е донесена историска одлука, со која се враќа илјадагодишно име Бошњак, и мајчиниот јазик на овој народ е наречен со правилното име – Босански јазик.
Традициите и културата на Бошњаците се составен и нераскинлив дел од богатството во нашата мултиетничка, мултикултурна и мултиконфесионална држава, и многу вреден и драгоцен сегмент во нашиот концепт „Едно општество за сите“.
Им го честитам овој голем празник на нашите браќа и сограѓани и им посакувам просперитет и успех во сите сфери на нашето општество“, истакна Николовски.