Николовски учествуваше на конференција наменета за превенција и борба против организиран криминал

Вицепремеирот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски денеска учествуваше на конференција наменета за превенција и борба против организиран криминал организирана од UNODC.

„Корупцијата и организираниот криминал не познаваат граници, и затоа мора да бидеме единствени во заложбите кои ги преземаме на национално, регионално и меѓународно ниво.
На денешната конференција наменета за превенција и борба против организиран криминал организирана од #UNODC беа презентирани искуствата од земјите од југоисточна Европа за справување со организираниот криминал.
Северна Македонија во изминатите четири години активно работи на преземање мерки и активности за спречување на корупцијата и криминалот, во секоја сфера од општеството, вклучително и на мерки за сузбивање на меѓународниот криминал и тероризам“, истакна Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e