Одлични вести за тутунарите.
-Бордот на директори на Тутунскиот комбинат Прилеп денеска донесе одлука да ги зголеми за 10% цените за откуп на тутунот од веќе договорените цени.
-Исто така сакам да соопштам дека оваа година субвенцијата за прва класа ќе биде зголемена за дополнителни 20 до 30 денари односно ќе постигнеме рекордни субвенции по класи.
-Најавувам уште неколку други мерки за тутунарите што ќе ги спроведеме за прв пат со што обезбедуваме досега најголема историска финансиска поддршка.
Македонската Влада и министерството не ги остава тутунарите сами.
Државата прави се и ја вреднува маката на секој земјоделец.
Затоа очекувам и другите компании при откупот на тутунот да ја следат оваа политика, напиша министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Николовски на фејсбук.
