Меѓусебната соработка со Србија уште повеќе ја зајакнуваме. Заедно со претседателот на Владата, Димитар Ковачевски и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски во Белград остваривме билатерална средба со претседателката на Владата на Република Србија, Ана Брнабиќ, објави министерот Љупчо Николовски.

– Нашето поврзување преку Иницијативата Отворен Балкан беше за развој на нашите економии, за заеднички регионален и единствен пазар без оганичувања, кој носи подобар живот за сите наши граѓани. И еве денес веќе ги гледаме резултатите. Трговската размена помеѓу земјите членки на Отворен Балкан достигна 1,1 милијарда евра, што е резултат токму на оваа иницијатива.
Отворен Балкан нуди широк пласман за нашите македонските земјоделски производи, за нашето македонско вино и нови можности за граѓаните во повеќе области, порача тој од Белград.

