Николовски: Трета година по ред нема никаква селекција и субвенциите за тутунот се исплаќаат редовно и во еден ден

Денес Владата ја реализира исплатата на над 30 милиони евра субвенции за тутунот од оваа реколта, истакна на Фејсбук Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.

„Минатите години кога бев дополнителен заменик министер ги согледавме сите проблеми, слабости и манипулации што режимот ги креираше само за уцени, закани и поткуп пред избори.
Денес тоа е веќе минато.
Ljupcho N5Јас и мојот тим направивме многу средби на терен во изминатиот период, лично ме болеше секоја мака и проблем, се радував на секој убав разговор и предлог а ги слушавме внимателно и критиките.

Како #СДСМ секогаш сме биле и ќе останеме со вас.
Lupcho N 1Затоа веќе трета година како го воведовме новиот модел на субвенционирање.

Трета година откако храбро ја променивме дотогашната политика и драстично ги зголемивме субвенциите по класи.

Трета година по ред откупнатата цена на тутунот расте и постигнува историски цени.

Трета година по ред нема никаква селекција и субвенциите се исплаќаат редовно и во еден ден.

Минатата година се донесе и новиот европски закон за тутун и други сродни производи.

За нас и нашата убава 🇲🇰 тутунопроизводството е стратешка гранка на земјоделството.
Lupcho N 3Почитувани тутунопроизводители,

Ве замолувам да ги следете насоките на Владата, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство и Платежната агенција за исплата на субвенциите оваа недела.

Почитувајќи го планот и мерките го штитиме личното и јавно здравје и побргу ќе излеземе од оваа состојба“, посочи Николовски.
Ljupcho N 2

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e