Николовски: Транспарентноста е половина од борбата против корупцијата! Продолжуваме со градењето на транспарентни и отпорни институции

Управувањето со јавните средства мора да ги исполнува потребите на граѓаните, истакна вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.
Nikolovski2„Затоа, креираме системски мерки за спречување корупција и за транспарентно располагање со буџетските средства.
Денеска за време на конференцијата „Поддршка на сметководствените и ревизорските случувања и синергии“ во организација на меѓународниот институт #CIPFA и меѓународниот центар за извонредност во финансии #CIF, имав чест пред домашната и меѓународната експертска јавност, да ги презентирам владините политики и мерки во оваа област.
Поддршката и инвестицијата во ревизорските и сметководствените процеси е директна инвестиција во квалитетот на живот на граѓаните. Овие процеси ни овозможуваат јавните финансии да се управуваат домаќински и со парите на граѓаните да се постапува одговорно“, посочи Николовски.
Nikolovski1Николовски нагласи дека транспарентноста е половина од борбата против корупцијата! Продолжуваме со градењето на транспарентни и отпорни институции во служба на граѓаните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e