Николовски: Транспарентноста е клучна алка во борбата против корупцијата

Владините мерки за зголемена транспарентност даваат резултат. Најновиот извештај за Индекс на активна транспарентност 2021 година на Центарот за граѓански комуникации, за оваа година споредено со 2020 година нотира зголемување на активната транспарентност на министерствата, Владата и општините за пет проценти и изнесува 63%. – сподели вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.
Транспарентноста е клучна алка во борбата против корупцијата, затоа од почетокот на мојот мандат и во согласност со надлежностите од мандатното писмо ги проширивме мерките за зголемување на транспарентноста на институциите:
🚩 Минатата година, се задолжија сите министерства и органи кои одговараат пред Владата, вклучително и сите општини, Градот Скопје и општините во Градот Скопје, во рок од 30 дена на своите веб-страници да ги објават на своите документи и информациите наведени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
🚩 Транспрентно се објавени имињата и веќе се спроведува тестот за интегритет на советниците на функционерите.
🚩 Планот за борба против корупција, содржи мерки за зголемување на транспарентноста, како што се подготовка на годишна Антикорупциска програма, интерни процедури за спроведување на постапките за јавни набавки и реализација на договорите, електронски систем за поднесување на електронски пријави, претставки и предлози од страна на граѓаните поврзани со услугите од јавната администрација. – дециден е Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e