Љупчо Николовски, вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси денеска оствари работен сосотанок со амбасадорката на Република Хрватска, Нивес Тигањ.
„Република Хрватска е наш долгогодишен партнер и подржувач во нашите евроатлантски интеграции. На денешната средба со амбасадорката на Република Хрватска, Нивес Тигањ, разговаравме за ставовите во врска со ЕУ членството на Северна Македонија, како и за политиките на нашата Влада за намалување на корупцијата во земјата. Амбасадорката Тигањ го истакна своето задоволство што нашата држава ги отвори преговорите со ЕУ токму за време на хрватското претседателство со унијата. На состанокот разговаравме и за идните заеднички твининг проекти кои сигурно ќе помогнат во текот на преговорите за членство.“ – порача Николовски по средбата.