Николовски: Со ТАВ програмата опфаќаме уште 34 општини, ветивме подобар живот за сите и секојдневно работиме да го постигнеме!

Генералниот секретар за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски соопшти дека со ТАВ програмата се опфаќаат уште 34 општини, со проекти кои ќе го подобрат квалитетот на животот на граѓаните во сите делови од земјата.

„Ги слушаме проблемите и потребите на граѓаните и врз основа на нив, градиме решенија!

Со вториот пакет проекти од ТАВ програмата ќе бидат надминати проблемите со секундарната водоводна мрежа со С. Речани – Велев, Желино ќе добие Младински центар, ќе се реновираат делови од атмосферската и фекалната канализација во Општина Кисела Вода, ќе се изведе проширување на основното училиште во С. Црнилиште и ќе се реконструира градскиот центар во Кичево. Ќе бидат изведени и поголем број реконструктивни зафати на резидентни улици ширум државата.

Ветивме подобар живот за сите и секојдневно работиме да го постигнеме!“, потенцираше Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e