Николовски: Светска банка ќе го имплементира проектот за функционална анализа на организациската структура на МЗШВ

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски,  имаше работна средба со претставниците од Делегацијата на Европската унија, на која се разговараше за постапките за спроведување на Проектот за функционална анализа на организациската структура на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Раководителот на секцијата за соработка во Делегацијата на ЕУ, Никола Бертолини, посочил дека овој Проект ќе се имплементира преку Светска банка.

Воедно на состанокот е разговарано и за планираната анализа за ефектот од субвенциите врз развојот на земјоделството, која што ќе се спроведува со поддршка на Европската унија. Од Делегацијата на ЕУ посочија дека е потребно доекипирање на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

20994395_2025472514340944_7611944072119020571_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e