Денеска во работна посета на #МЗШВ, беше тимот на Светска банка, предводен од директорот за Македонија, Марко Мантованели.
Министерот Љупчо Николовски заедно со експертите од областа на земјоделството, Светлана Едмидс и Ханс Кордик, го договорија стартот на Анализата за импактот на субвенциите. Како што вели министерот, на обострано задоволство биле договорени идни соработки во поглед на јакнењето на институционалните капацитети.
“Продолжува силната соработка со врвните меѓународни институции”, категоричен е Николовски.