Сега што правиме?
Се потврдува она што го говорам неколку дена, а тоа е дека е донесена одлука за суспендирање на ИАПРД, а Владата и Министерството за земјоделство се обидуваа да ја сокријат. Суспендирање на ИПАРД имало два пати и тоа само во време кога ВМРО ДПМНЕ е на власт, во 2011 и сега во 2025 година.
Суспензијата е, пред сè, срам за Владата и доказ дека партизацијата, корупцијата и девијантните појави се широко распространета во Агенцијата, нешто на што укажував од самиот почеток.
ИПАРД програмата, додека бев министер, беше најуспешната приказна во државата, со рекордни 2369 реализирани и контролирани инвестиции и целосна искористеност на европските пари.
Сега Владата треба да одговори: Кој ќе понесе политичка одговорност за овој мега-скандал? Кој ќе одговара за штетите што ќе ги претпат корисниците и земјоделците? Ќе поднесе ли конечно Цветан Трипуновски оставка или ќе продолжи да се преправа дека ништо не се случило? Со кој кредибилитет тој планира да излезе пред земјоделците ?
Оние што се гонат за корупција се луѓе директно поставени од Владата и блиски соработници на Трипуновски од министерството, затоа политичката одговорност за овој случај мора да има.
И повторно со чесни, посветени и професионални, а не партиски кадри да го изградиме системот и да ја вратиме добербата.
ФБ реакција на пратеникот и ексминистер за земјоделство, шумарство и водостопанство
