Откупната цена на грозјето е за едвај 0,5 денари повеќе од лани и втора година по ред со ДПМНЕ нема поддршка за лозарите и денес слушаме невистина како да сме од друга планета и поима немаме што било па што ќе ни каже власта тоа е, реагира пратеникот Љупчо Николовски на најавата на министерот, Цветан Трипуновски, дека оваа година ќе биде историска за лозарите.
“Денес, министерот со полна уста најавува „рекордна берба“ од 100 милиони кг. Берба како никогаш.
Но еве два примери дека власта секојдневно зборува паушално, популистички и без никакви факти:
- Во 2020-та бербата и откупот на грозје биле 137 милиони кг. или пак
- Во 2021-та – била 116 милиони кг.
Која е оваа нова математика – ако производството е помало од други претходни години, тоа се вика „рекорд“ .
Рекорд во лаги, манипулации и рекорд во безидејни политики за најзначајниот извозен земјоделски сектор – лозарството и вино”, вели Николовски.