Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски ги повикува сите сточари да ја искористат поддршката за изградба на мандри на бачилата.
Нашето сирење е едно од најквалитетните и ова е одлична можност да добиете кофинансирање до 75% за опремување на мандри, вели Николовски.
„Истовремено, за сите кои се занимаваат со сточарство, отворена е можноста за добивање финансиска поддршка до 75% за набавка на силоси, за зголемување на складишниот капацитет за исхрана на добитокот“, посочи Николовски.
Рокот за аплицирање е до 20.05.2022год.
Повеќе информации за начинот и постапката може да видите на следниот ЛИНК.