Николовски: Србија ќе ја тргне и забраната за увоз на масло за јадење

Дали ќе има доволно масло за јадење, имаме ли доволно репка, ќе увезуваме ли сировини за преработка на зејтин? На ова прашање утрово одговор даде минитерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, во гостувањето во „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ.

-Ние разговаравме со сите комори, со сите компании кои што се засегнати и точно е и ова е дел од договореното вчера, дека и увозот на рафинирано и нерафинирано масло за јадење ќе биде на листата на производи за кои што ќе биде тргната забраната и ќе биде овозможен увоз, појасни Николовски.

-Паралелно сите мерки и политики и пакетот за поддршка на граѓаните за ослободување од ДДВ и за замрзнување на цените, ќе придонесе да има смиреност, да нема грижа. Ќе има доволно храна и има доволно стратешки продукти, додава министерот.

Дали можеме сами да се прехраниме? Министерот Николовски вели дека имаме огромен раст на преработките оваа година, од 60 милиони на 74 милиони извоз оваа година.

-Ние сме имале и 200.000 хектари, но сите процеси, транзиција, режим, затварање на агрокомбинати, незеинтересираност на младите и многу други фактори влијаеле на намалување на површините кои сега се зголемуваат и да се намали домашното производство, кое сега расте особено на преработките. Имаме огромен раст на преработките оваа година, од 60 милиони на 74 милиони извоз оваа година. Или на тутунот коешто е стратешка домашна култура, девизниот прилив ни е 120 милиони. Фокусот мора да ние стратешките култури на зголемување на површините. Затоа ние до министерството за финансии доставивме уште пред еден месец план што е тоа што треба да го направиме на среден и на долг рок. На среден рок да ги зголемиме приносите на 500 кг/ха за да добиеме 30000 тони пченица повеќе, а на долг рок да го намалиме увозот, како што успеавме кај јачменот од 15.000 тони на 900, дециден е Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e