Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска заеднo со вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски извршија увид на текот на градежните активности на рехабилитацијата на магистралниот пат Куманово -Страцин.
Како министер за внатрешни работи, пак, уверен сум дека со овие вложувања и градежни активности во патната инфраструктура ќе го продолжиме трендот на зголемена безбедност на патиштата кој го поставивме во изминатиот период со зајакнати превентивни и репресивни мерки, со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот, па минатата 2020 година ја завршивме со историски најмал број на жртви во сообраќајни незгоди, истакна Спасовски.
„Оваа тенденција продолжува и во текот на 2021 година, па во првиот квартал бројот на сообраќајни незгоди е намален за 12 отсто во однос на истиот период лани, а бројот на жртви е намален за 14 отсто.
Со домаќински, чесен и одговорен, европски пристап продолжуваме да работиме и да инвестираме во најнеопходните работи за современа безбедна држава, да обезбедиме инфраструктура за сите“, посочи Спасовски.



