Николовски со сопругата вечерва на затворањето на филмскиот фестивал „Синедејс“

Вицепремиерот за борба против корупција, одржлив развој и човечки ресурси и генерален секретар на владејачката партија СДСМ Љупчо Николовски заедно со сопругата Андријана вечерва присуствуваа на затворањето на реномираниот фестивал на европски филм „Синедејс“. Николовски порача дека ваквите културни настани се секогаш добредојдени и посака уште многу успешни изданија на фестивалот.

2

„Добар начин да се заокружи денешниот напорен ден.Ми беше задоволство да бидам во публиката на затворањето на 19-тото издание на фестивалот за европски филм „Синедејс“. Нека им се множат годините, вакви убави културни настани се секогаш добредојдени за малку оддишка од рабoтните обврски на сите нас.“ -рече Николовски.

4

Фестивалот беше затворен со премиерната проекција на третиот долгометражен филм на Игор Иванов – Изи, „Хомо“ или „Човек“ и доделување на награди, по што следеше концерт на Здружението на џез-музичари и слободни уметници.

3

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e