Николовски со сопругата на свечено засадување на најстарата словенечка винова лоза во Скопје

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска заедно со сопругата Андријана Николовска присуствуваа на свеченото засадување на најстарата словенечка винова лоза,  „жаметна чрнина“ („модра кавчина“) и македонската автохтона сорта „станушина“, во дворот на Земјоделскиот институт – Скопје.

Настанот е по повод 30 години од воспоставување на дипломатски односи на нашата држава со Република Словенија.

-Со подарувањето и засадувањето на најстарата словенечка винова лоза, Словенија ја потврдува нејзината политичка, економска и културна поддршка, како и пријателските односи кон Република Северна Македонија.Огромна благодарност за оваа укажана чест, се надевам на што повеќе вакви пријателски настани, порача министерот Николовски.
-Најдоброто време да се засади дрво е пред 20 години – второто најдобро време е сега, вели Николовски.

Жаметна чрнина“ е најстарата винова лоза во светот и тоа е потврдено уште во 1972 година. Се смета дека лозата датира од 1450-та година. Во 2004 година била запишана и во Гинисовата книга на рекорди. Во 1959 година Марибор почнал да им дели калеми на збратимените градови низ светот поради што лозата денес е застапена низ целиот звет, од Австралија до Јапонија, преку Шпанија и Аргентина.

Со калемот што беше денеска дониран, Скопје се вброи меѓу градовите како Рим, Париз, Берлин, Лондон, Будимпшешта, Љубљана, Виена,….

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e