Николовски со сопругата на отворањето на новата кино сала во Пробиштип

После една деценија, Пробиштип доби нова модерна кино сала, со финансиска поддршка преку Програмата за рурален развој.

nikolovski probistip

Вечерва, на официјалното отворање, во Пробиштип беше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски заедно со сопругата Андријана.

-На наше големо задоволство вечерва сме дел од отварањето, со првата интерпретација во изведба на културно уметничкото друштво Танец. Оваа кино сала ќе претставува вистинско уживање и релаксација за жителите на Пробиштип, порача Николовски.

Кино салата е со капацитет од 360 посетители, а ќе го носи името “Злетовски Рудар”, во чест на рударите од овој крај.

Истата е реконструирана преку Програмата за рурален развој, со поддршка од МЗШВ и Платежната агенција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e