Генералниот секретар на СДСМ и носител во ИЕ 3 Љупчо Николовски денеска во Крива Паланка гласаше заедно со сопругата Андријана.
-Безбедно, почитувајќи ги сите мерки, и со радост дека гласачките места се под сите пропишани протоколи, со сопругата Андријана го искористивме гласачкото право. Да одиме напред и да не се враќаме во несигурност и страв. Да се движиме со брзо темпо кон Европската унија, а не да одиме во изолација, тензии и поништување на се што остваривме на меѓународен план. Македонците да ги задржиме дома, а за странство да ги оставиме само Македонските производи со кои ќе го градиме Македонскиот бренд во големата и моќна Европска Унија. – порача Николовски по затворањето на гласачките места.
-Денеска имавме убав изборен ден, СДСМ покажа дека има голем демократски капацитет и дека организира европски избори на кои граѓаните слободно ја искажуваат својата волја. Без притисоци, без закани, без списоци како што беше вообичаената пракса во времето на режимот. Од утре продолжуваме напред со уште посилно темпо затоа што немаме време за губење.Можеме уште повеќе и уште подобро. – заклучи Николовски заблагодарувајќи се за поддршката.