Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, на својот фејсбук профил, вечерва сподели убава вест од Берлин, каде е присутен на министерската Конференција во рамките на Берлинскиот процес и Дијалогот за земјоделска политика меѓу Германија и Западен Балкан.
-Доцна вечерва би сакал да ја соопштам и оваа позитивна вест директно од овде, од Берлин.
Со мојот колега Иван Иванов договоривме дека од Република Бугарија ќе обезбедиме дополнителни количества на пченица. Заедно со нашите соседи на ваков начин градиме вистинско добрососедство и сплотени многу полесно ќе ја пребродиме и ќе се справиме со постоечката криза, соопшти Николовски.