Членот на Централниот одбор на СДСМ Љупчо Николовски ги продолжува секојдневните партиски активности. Тој вечерва е на средба со своите сопартијци во Кочани.
– Продолжуваме на терен, посветено работиме за да допреме до секој еден граѓанин. Вечерва со партиските другари од ОО СДСМ Кочани ги дефинираме следните конкретни чекори за планираните активности. Даваме насоки за понатамошното оперативно работење на терен на микро ниво. Нема да застанеме, заедно со граѓаните ќе ја обезбедиме македонската европска иднина, потенцира Николовски.