Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски до сите верници кои денеска го слават големиот христијански празник Рождество Христово Божиќ, упати срдечни честитки со искрена желба за добро здравје, благосостојба и мирен духовен живот во празничните денови кои следат.
„Славејќи го раѓањето на Христа, го славиме животот, ја славиме љубовта, но и меѓусебната почит и помагање. Нека ви е честит големиот празник Рождество Христово Божиќ!“, порача Николовски.