Секогаш ми претставува задоволство кога имаме плоден и успешен разговор со нашите пријатели, со цел продолжување и продлабочување на соработката, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.
„Попладнево имав средба со амбасадорот на Република Италија, Андреа Силвестри. Разговаравме за повеќе актуелни теми, а посебен акцент ставивме на новиот #ИПА твиниг проект за фитосанитарна област, кој започна од 1ви февруари -“Подобрување на административните и оперативните капацитети на надлежните служби за заштита на растенијата на двете земји” а ќе го води експерт од Италија“, посочи Николовски.
Николовски потенцираше дека наскоро ќе се потпише и Меморандумот за соработка во областа на земјоделството, од кое бенефит ке имаат двете држави.
„Можноста за соработка ја продлабочуваме преку пренесување на искуства за нови политики во земјоделството, етикетирање на производи, систем за географско потекло, агротуризам итн.
Заеднички го трасираме патотот кон развој и напредок на нашата држава“, заклучи Николовски.