Солидарноста, меѓусебното помагање и поддршка се врвните човекови особини што не движат нас, но го движат и светот напред.
Да се биде солидарен, не значи само да се помага, туку и активно да се учествува во градењето на еднакво општество во кое секој добива фер шанса.
Денеска, на Меѓународниот ден на човечката солидарност испраќам порака до секој поединец, секогаш кога сме во можност, секогаш кога има потреба да помагаме и да бидеме солидарни. Само така ќе обезбедиме подобро утре за нас и за луѓето околу нас.
ФБ статус на Љупчо Николовски по повод Меѓународниот Ден на солидарноста