Николовски се заблагодари на САД за несебичната поддршка во справувањето со корупцијата и криминалот

На панел дискусијата по повод одбележувањето на Меѓународниот ден за борба против корупција организирана од амбасадата на САД вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски истакна дека еден од приоритетите на Владата е резултат во борба против корупцијата преку јакнење и координираност помеѓу надлежните институции, транспарентност и отчетност.

„Изразувам голема благодарност до амбасадата на САД за несебичната поддршка која ја добиваме во справувањето со корупцијата и криминалот. Остануваме силно посветени на стратешкото партнерство со САД и продолжуваме решително кон создавање подинамичен економски раст, одржлив развој, правна држава и силни институции за борба против корупција.“ – порача Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e