Љупчо Николовски, вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси денеска оствари работен сосотанок со министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири, на кој се разговарало за меѓусебното поврзување и користење на регистрите и базите на податоци меѓу државните органи и институциите, како и за предлог законот за висока раководна служба.
-Потребна ни е ефикасна и професионална адмистрaција за функционално општество. Во следните четири години ќе посветиме сериозно внимание на ова. Не можеме да очекуваме напредок во ниту една сфера, доколку вистинските луѓе не дојдат на вистинските позиции. – рече Николовски.
Николовски информираше дека со министерот Шаќири е договорено да се формира работна група за утврдување на системот на проценка на платите на вработените во јавниот сектор, работна група за меѓусебно поврзување на регистрите на државните органи и дигитализација, како и работна група за реформа на легислативата која се однесува на раководење на јавните органи и работните односи во јавниот сектор.