Вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски денеска оствари работна средба со претседателката на инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска Грашкоска.
„Заеднички се заложбите за заштита на граѓаните и јавното здравје како и за активно спроведување на законите и здравствените протоколи. Разговаравме за актуелната состојба и резултатите кои ги даваат зголемените ингеренции на инспекторите, кадровската екипираност и процесите на дигитализација на Инспекцискиот совет“, рече Николовски по средбата.
Соработката продолжува, во моментов, со клучен акцент на борбата против коронавирусот и санкционирање за секој кој на било кој начин ќе го загрози здравјето на граѓаните, беше порачано на средбата.