Генералниот секретар на СДСМ и пратеник во новото Собрание Љупчо Николовски вчера се обрати пред учесниците на 13-иот летен камп на Социјалдемократската Младина на Македонија кој се одржа во Охрид.
„Како човек што своите први политички чекории ги започна токму во СДММ – Социјалдемократска Младина на Македонија, ми беше чест што денеска се обратив на затворањето на 13. Летен камп на СДММ. Со младите другари и другарки од СДММ, разговаравме за предизвиците, за идните чекори во креирањето и спроведување на квалитетни младински политики што носат шанси за сите.“ – порача Николовски нагласувајќи дека СДММ е, како што рече, нашата вредност, нашата сила.
„Затоа младите се вклучени во креирањето на политиките и во нашите структури. СДСМ ги става младите во центарот на вниманието. Тоа го покажавме. Во новиот четиригодишен мандат уште повеќе и уште подобро ќе покажеме што значи вистинска грижа за младите.“ – заклучува Николовски.