Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси и генерален секретар на СДСМ, Љупчо Николовски му посака среќа на нашиот олимпиец Дејан Георгиевски во финалниот меч.
„Се гордееме и му ја посакуваме сета среќа и сила на нашиот олимпиец Дејан Георгиевски!
Нека во финалниот меч победи најдобриот, иако ние веќе го знаеме нашиот шампион. Оној кој ни ги наполни срцата поклонувајќи се пред националното знаме!
Со Дејан, се бориме за злато!“, истакна Николовски.
