Николовски: СДСМ ја има најдобрата кадровска и програмска понуда и одиме на победа на локалните избори

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски вечерва имаше работна средба со кандидатите за градоначалници и Шефови на ОИШ од ИЕ 3, каде што покажавме градежна револуција на регионот.
Nikolovski2„ИЕ 3 стана симбол дека истокот се менува. Истокот е пример дека со работа се обезбедува подобар живот за сите.
Солидарноста, меѓусебното помагање се врвни социјалдемократски вредности по кои мора да се водиме.
Знаеме дека кај секој од нас силна е желбата за нова убедлива победа, тоа е добро и за партијата и за државата. Во наредниот период ќе ги ставиме сите наши капацитети во погон со цел да победиме на овие избори“, истакна Николовски.
Nikolovski3Николовски нагласи дека нема поголема чест и обврска да им се служи на своите граѓани.

„СДСМ тоа во овие изминати години го правеше најдобро што можеше и ќе продолжи да го прави и во иднина“.
СДСМ ја има најдобрата кадровска и програмска понуда и одиме на победа на локалните избори.
СДСМ го има #најдоброто за секоја општина“, потенцираше Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e