Николовски: Само заеднички можеме да го спречиме ширењето на вирусот со задолжително почитување на мерките и препораките

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски истакна дека инспекциските служби продолжуваат да работат со полн капацитет како најсилен контролен механизам за почитувањето на здравствените мерки и протоколи.

„Во периодот од 9 до 15 ноември од страна на инспекциските служби извршени се вкупно 4822 контроли, односно 1754 надзори. Издадени се 13 676 решенија за изолација за лица позитивни на коронавирус или лица кои биле во контакт со зарзен, што јасно говори за сериозноста на ситуацијата.
Влегуваме, веројатно, во најтешкиот период од справување со кризата. Апелирам до сите правни субјекти и граѓани за задолжително почитување на мерките и препораките. Да им помогнеме на здравствените работници, инспекторите, полицијата, армијата и сите оние кои учествуваат во спавувањето со пандемијата.
Само заеднички можеме да го спречиме ширењето на вирусот“, нагласи Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e