Николовски: САД јасно порачува, дека мора да се употребат сите механизми за да се стави крај на криминалот и корупцијата

Соединетите Американски Држави се наш стратешки партнер и искрен подржувач во евроатлантските процеси на Република Северна Македонија, истакна вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.

„Одлуката на претседателот Џо Бајден за борбата против корупцијата е охрабрувачки потег за земјите од регионот да ги продолжат реформите и бескомпромисната борба против корупцијата и криминалот.
САД јасно порачува, дека мора да се употребат сите механизми за да се стави крај на криминалот и корупцијата, како појави кои се сериозна закана за демократските општества. Тоа е големо охрабрување и мотивација за нас, дека сме на вистинскиот пат.
Владата на Република Северна Македонија ја стави борбата против корпуцијата и криминалот највиско во агендата. Преку усвоениот владин План за борба против корупција секојдневно работиме на исполнување на оваа наша заложба.
Наша најголема должност е да ги поддржуваме демократските процеси и да работиме во интерес на граѓаните“, истакна Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e