Николовски: Рокот за јавниот повик за субвенционирана набавка на системи за наводнување, што истекува утре, ќе се продолжи за 15 дена

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски соопшти дека рокот за јавниот повик за субвенционирана набавка на системи за наводнување, што истекува утре, ќе се продолжи за 15 дена, заклучно со 11.02.2022 година.

„Оваа одлука ја донесовме во консултација со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски, а поради зголемениот интерес за јавниот повик.
Земјоделците кои не успеале да го запазат рокот, ќе добијат нова можност да аплицираат за добивање на финансиска поддршка од Програмата за рурален развој преку мерката 121.4 „Набавка на систем капка по капка, конструкција на бунари и други зафати на површинска вода”.
Барањата и предлозите на земјоделците се наш врвен приоритет!“, посочи Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e