Никoловски: Решен проблемот со пумпната станица во хидросистемот за наводнување Паљурци

Ве известувам дека проблемот со пумпната станица во хидросистемот за наводнување Паљурци, е решен, информира министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

Од вчера вечерта е пуштена вода во системот, со што земјоделците не треба да стравуваат за наводнување на земјоделските посеви.

Мојот тим разговарше со концесионерот на хидроцентралата МХЕЦ Топлец, но и со раководителот на хидросистемот Ѓавато, со цел да се види со кои проблеми се соочуваат за да можеме како Влада, да преземеме системски решенија и во иднина да нема проблем со хидросистемот Паљурци.

Во следниот период како министерство ќе работиме на решенија и реконструкција на пумпните станици во овој хидросистем. Продолжуваме да работиме во интерес на земјоделците, потенцира министерот Николовски.

20506888_2015221382032724_620340205083987211_o

20476135_2015221485366047_603192424591536356_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e