Република Северна Македонија стана членка на IPACS, објави вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски.
IPACS е неформална мрежа што ги обединува меѓувладините организации, меѓународните спортски организации и владите, комбинирајќи ги напорите во борбата против корупцијата во управувањето со спортот.
Со приклучувањето во оваа мрежа одиме чекор понапред во спречување на корупцијата во спортот, порача Николовски.