Најголемиот и најсовремен зелен пазар во државата – Битпазар со инвестиција од 250 милиони денари на „Скопски пазар“ АД Скопје го доби својот нов модерен лик на 8.800 квадрати метри со 630 тезги, 175 локали и нов паркинг простор за 220 возила.
На денешниот настан присуствуваа премиерот Зоран Заев, првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски како и генералниот директор на Скопски пазар АД Скопје, Младен Дамев.
Со новиот изглед и зголемениот капацитет, реновираниот центар Бит-пазар прераснува во најголемиот пазар во државата, истакна вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.
„Развиениот пазар значи подобро развиена заедница, современо земјоделие и одржлив развој“, потенцираше Николовски.