Николовски: Рекорден интерес кај земјоделците, склучени 258 договори за закуп на земјоделско земјиште над 3 хектари

Министерот Љупчо Николовски денеска им додели договори на 100 земјоделци за закуп на земјоделско земјиште над 3 хектари од Штип, Велес, Куманово и Кочани.

„Рекорден интерес кај земјоделците, склучени 258 договори за закуп на земјоделско земјиште над 3 хектари. На мое големо задоволство, денеска лично им ги доделив договорите на 100 земјоделци од Штип, Велес, Куманово и Кочани, и им посакав успешна работа, богати посеви и богат род.
Не оставаме ниту една педа необработливо земјиште, само со една и единствена цел – да обезбедиме повеќе храна, со што ќе го зголемиме домашното производство во време на ваква светска криза. Сега секој еден мора да биде одговорен, и на висина на својата задача. Токму затоа бараме произведените житни култури најпрво да ги дадете во домашните преработувачки капацитети.

Така е чесно кон сите граѓани, така е чесно кон државата, а МЗШВ заедно со Владата ќе продолжи да креира нови успешни мерки за поддршка на земјоделците и развој на македонското земјоделство.“, рече министерот Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e