Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски извести дека за прв пат преку посебна мерка го помагаат тутунското производство да се развие, не само преку субвенции кои во последниве години достигнуваат рекорди во исплатата, туку преку кофинансирање на опрема за модернизирање на тутунопроизводството преку набавка на нови машини за расадување на тутун машини за нижење на тутун и за конструкции за сушење на тутунот.
Максималната поддршка е во висина од 4 и пол милиони денари кои ќе бидат ко-финансирани од Агенцијата во висина од 50% – 75%, истакна Николовски.
Рокот за пријавување е до 20.05.2022год. Повеќе информации на следниот ЛИНК: