Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски утрово имаше координативен состанок со претставници од Светската Банка.
МЗШВ ги презема сите потребни активности за реализација и имплементација на проектот за модернизација на земјоделството, поддржан од Светската банка во вредност од 50 милиони евра, истакна Николовски.
„Работиме на реализација на агроплатформа во Скопје за софтверска покриеност на земјоделското земјиште, како и изградба на два откупни центри во Струмица и Ресен.
Овој проект е од исклучителна важност за нашата земја, посветено и одговорно инвестираме во модернизација на македонското земјоделство и рурален развој“, посочи Николовски.