Николовски: Работиме на модел за прочистување на судството како последен бастион на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ

-Никој  не треба да е заштитен и/или над законот. Сметам дека првин треба одговорност за се до сега и од сега што се случувало. Неприфатливо е тие предмети во кои сите слушавме факти, аргуменит да немаат пресуди, тоа и  предизвика демотивација кај луѓето да излезат на гласање, рече вицепремиерот за борба против корупција, човечки ресурси и одржлив развој  Љупчо Николовски во вечерашното гостување во „Само интервју“ на Канал 5 ТВ.

– Мора сериозно во првите 100 дена да направиме прочистување на судството,  проверка на потекло на имот на судии и јавни обвинители…од првиот до последниот. Фокусот ќе биде ставен на моделот на прочистување на судството, ослободување од сите стеги од минатото како последен бастион на Никола Груевски и на ова ВМРО-ДПМНЕ, порача Николовски.

Вицепремиерот рече дека и фокусот на сите средби со амбасадорите се во таа насока, на изнаоѓање на модел за прочистување на суството со цел, како што рече, враќање на довербата на граѓаните во правниот систем.

Николовски го потенцираше и предизборното ветување дека 5% од пресудите по случаен избор ќе бидат ревидирани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e