Николовски: Протестите на опозицијата служат Мицкоски да се заштити од внатрепартискиот конфликт

-Рационализирање и сузбивање на корупцијата и криминалот, но и 20% намалување на администрацијата преку соодветни програми. Преку различи облици и спојување на институциите ќе испорачаме средена, компактна администрација, рече вицепремиерот за борба против корупција, човечки ресурси и одржлив развој  Љупчо Николовски во вечерашното гостување во „Само интервју“ на Канал 5 ТВ.

Без ревносна борба против корупцијата и криминалот, како што рече Николовски, нема економски прогрес.

На прашањето за незадоволството на опозицијата Николовски вели дека протестите се за лидерот на партијата се заштити од незадоволството внатре во партијата.

-Во континиуитет продолжуваат политиките на Мицкоски да се заштити од тоа што се случува внатре во партијата поради што продолжува неговото неконструктивно однесување кон граѓаните. Граѓаните дадоа многу посилна порака дека сакаат да одат напред. Дадоа поддршка за политиките на европеизација и трансформација. Сега треба да се свртиме дома. Протестите се демократско право на опозицијата и на било кој граѓанин, но важно е за што служи тој протест, во случајов за внатрепартискиот конфликт кај ВМРО-ДПМНЕ. – рече Николовски.

-Треба да дојде време во кое заедно обедеинети ќе одработиме за државата. ВМРО-ДПМНЕ е сериозна партија која заслужува реформи за модернизација, реорганизација во интерес на граѓаните. Но, на последните избори, наместо кон интересите на граѓните, тие беа свртени назад…Наративот, кампањата, спотовите има беа да се вратиме назад, да го обновиме режимот, истакна Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e