Николовски: Продолжуваме со исплата на субвенциите

Продолжуваме со исплата на субвенции за 2016 година.

Исплатени се вкупно 142 милиони денари, субвенции за пчелни семејства, за проекти за дел од општините и по основ на корегирани трансакциски сметки.

Од оваа сума, 130 милиони денари, се исплатени субвенции за пчелни семејства на 3.500 пчелари. Остатанатите над 1 милиони денари, се субвенции за проекти за рурална инфраструктура и по основ на корегирани трансакциски сметки.

Почитувани земјоделци, истовремено Ве информирам дека се подготвуваат и решенијата за исплата на преостанатите субвенции за 2016 година. Како Влада, воведуваме сериозна политика за развој на земјоделството, која ќе биде континуирана во делот на интервенциите и субвенциите, секогаш кога тоа ќе биде потребно, потенцира ресорниот министер, Љупчо Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e