Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски по се изгледа не отстапува од борбата и неуморно се бори сите земјоделци да ги добијат заслужените субвенции.
Предмалку тој на својот Фејсбук профил напиша дека стартуваше исплатата на 28 милиони денари субвенции за одгледани и заклани гоеници во регистрирани кланични капацитети како и исплата на останатите субвенции за тутун кои воглавно беа исплатени во предходните неколку дена.
Еве што тој конкретно напиша:
Почитувани земјоделци,
Ве информирам дека јас и мојот тим, продолжуваме деноноќно да се бориме за решавање на вашите проблеми. Од денес стартуваше исплатата на нови 28 милиони денари за субвенции.
Од вкупно 28 милиони денари, 23.7 милиони денари се за директни плаќања за одгледани и заклани гоеници во регистрирани кланични капацитети и останатите за преостаната исплата на субвенции за тутун.
