Денеска заедно со лозарите и винарниците го прославуваме големиот празник, Свети Трифун заштитникот на грозјето и виното, истакна министерот за земјоделство. шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.
„Од тука од Тиквешијата, од центарот на нашето македонско грозје и вино, од овие лозови насади, порачувам дека поддршката и грижата за оваа стратешка извозно оринетирана гранка продолжува.
Како што ветивме, субвенциите ги исплативме пред почетокот на новата производствена сезона. Од следната година преку Програмата за финансиска поддршка на земјоделството обезбедуваме авансна исплата и на лозарите. Парите ќе ги добивате кога е најпотребно.
Ја зголемивме поддршката на износот за кофинансирање на мерката за зелена нафта, обезбедуваме грантови до 10.000 евра за малите винарии. И не запираме тука, преку ефикасни мерки и политики, уште помотиварини работиме во интерес на сите земјоделци“, потенцираше Николовски.
Николовски нагласи дека ќе продолжат да ги стимулираат лозарите и винарниците да го модернизираат производството, и ќе даваат уште поголема поддршка за оваа стратешка земјоделска гранка.
„Нека е за многу години Свети Трифун“, рече Николовски.