Николовски присуствуваше на состанокот на меѓународните министри со канцеларката Меркел

Во рамки на саемот за земјоделство и храна „Зелена недела, што се одржува во Берлин, Сојузна Република Германија, денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски присуствуваше на  Глобалниот Форум за храна и земјоделство (GFFA).

IMG_7238

Оваа година темата на форумот е „Земјоделството се дигитализира – Паметни решенија за идното земјоделство“. На денешниот состанок, на оваа тема на меѓународните министри за земјоделство им се обрати германската канцеларка Ангела Меркел заедно со министерката за храна и земјоделство на Сојузна Република Германија, Julia Klöckner.

50265675_2331958923692300_8866984910582185984_o

Пред министрите од 70 земји во светот Меркел зборуваше за значењето на дигитализацијата за иднината на земјоделството.

IMG_7364

Меркел истакна дека земјоделството има долга традиција и многу важно место во економиите на сите земји. Сите земјоделци се соочуваат со заеднички проблеми како што се климатските промени, трговската размена и пласманот на земјоделските производи, но со помош на дигитализацијата се олеснува нивната работа и се овозможува пристап до повеќе и попрецизни информации.

50493352_2331959020358957_5862264711294222336_o

Според проценките на Обединетите нации до 2050 година треба да се произведува 70% повеќе храна за потребите на светот.

„Со помош на дигитализацијата во делот на маркетингот и прехранбената индустрија можеме подобро да ја користиме храната, за помалку да се фрла и да се хранат повеќе луѓе. Ова е само еден од проблемите со кои ќе треба заеднички да се соочиме, а дигитализацијата може многу да помогне во овој процес. Нема единствено решение за сите проблеми, проблемите варираат, но решенијата треба да ги вклучуваат интересите и на малите и на големите земјоделски стопанства, како и способноста за регенерација на природата, односно грижата за животната средина“, порача канцеларка Меркел.

50151423_2331958657025660_1375637866964582400_o

Глобалниот форум за храна и земјоделство е меѓународна конференција која се фокусира на централните прашања за иднината на светската индустрија за храна и земјоделство. Ова е уникатна можност за претставниците од политиката, бизнис секторот, науката и граѓанското општество од целиот свет да споделуваат идеи и подобро да ги разберат темите од земјоделската политика. Форумот се одржува во рамки на најголемиот светски саем за храна и земјоделство „Зелена Недела“ во Берлин, организиран од Министерството за храна и земјоделство на Сојузна Република Германија.

49268340_2331958697025656_8829876826936442880_o

50663779_2331958870358972_7603273788272148480_o

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e