Преку новиот модел стратешките важни култури ги извојуваме и предвидуваме дополнителна субвенција со цел уште поголемо домашно производство на стратешките култури и помала увозна звисност, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски во денешното гостување во Студио10 на ТВ24.
Николовски потенцираше дека во изминатите неколку години се бележи пораст кај јачменот, 15 пати повеќе се извезува и притоа се задоволуваат домашните потреби.
„Се постигнаа и цени кои се добри годинава. Оваа година откупот на пченицата стаса и до 20 денари, кај јачменот 17.
Целосно извозно ориентирани сме во делот на тутунот, 120 милиони евра девизен прилив само од тутунот, а 80 милиони евра од конзервната индустрија. Го зголемивме извозот и на флаширано вино за една третина. 🇪🇺 во вчерашниот извештај даде позитивни критики во делот на искористеност на ИПАРД3, со инвестиции од околу 80 милиони евра и 2400 склучени договори. Благодарение на одличната искористеност сега ни се овозможени 97 милиони евра односно 60% зголемен буџет“, посочи Николовски.