Николовски: Предметите не смеат да стојат во фиоки

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев заедно со заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупција, за одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, по владината седница на која беше усвоен Планот за борба против корупцијата, на прес-конференција информираа за деталите и ги претставија мерките за синхронизација на институциите на системот за негова оптимална поставеност за борба против сите феномени на корупција, на судир на интереси и на непотизам, на сите нивоа, како една од нај подмолните закани за општеството и за сите граѓани во него.

Заменик-претседателот на Владата Николовски информираше дека низ процес на подигање на нивото на дигитализација и елиминирање на човечкиот фактор, се креираат мерки кои ќе придонесат за елиминирање на субјективното влијание во процесите и еднаква и правична примена на законите.

„Во рок од 30 дена Министерството за правда заедно со Јавното обвинителство од денеска се задолжени да направат анализа на потребните кадри, опрема, техника и простории, за истражните центри со цел да се зајакнат капацитетите на центрите, а со тоа и капацитетите на сите Јавните обвинителства. Дигитализацијата и екипираноста на истражните центри ќе го забрза процесот на решавање предмети. Мора да има брзо процесуирање и решавање на предметите.  Предметите не смеат да стојат во фиоки “, посочи вицепремиерот Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e