Ја продлабочуваме и продолжуваме соработката со Словенија во областа на земјоделството, истакна министерот за земјоделство, шумарство о водостопанство, Љупчо Николовски.
„На денешната средба со амбасадорот Милан Предан разговаравме за поддршката што неизмерно ја добиваме од Република Словенија во евроинтеграциските процеси, како и мерките што ги презема МЗШВ за да помогне во намалувањето на последиците од кризата преку зголемување на извозот на свежо овошје и зеленчук“, посочи Николовски.
Николовски потенцираше дека голем број словенечки експерти го помогнаа процесот на усогласување на законската регулатива на С. Македонија со ЕУ, а преку ИПА проектите е обезбедена значајна поддршка во процесот на институционално зајакување на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство и сродните институции со цел да се исполнат стандардите и критериумите на ЕУ.
„Преку Акциските планови за соработка помеѓу нашите министерства даваме силна поддршка на здруженијата на млади земјоделци, поддршка на жените во руралните средини, развој на агротуризмот, и изградба на системи за еколошка заштита на природата“, нагласи Николовски.