Николовски: Пред законите сите сме еднакви и тука нема компромиси, ставаме крај на хаосот и самоволието во Охридскиот Регион и на езерското крајбрежје

Со сите политики и постапки, Владата докажа дека заштитата на нашето природно и културно наследство е меѓу врвните приоритети, посочи вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.
Nikolovski1„Ставаме крај на хаосот и самоволието во Охридскиот Регион и на езерското крајбрежје, го заштитуваме ова светско наследство, заштитено од УНЕСКО.
Упатувам поддршка до општина Охрид и градоначалникот Константин Георгиески, за преземените акции за отстранување на бесправно изградените објекти на крајбрежјето. Очекувам вакви храбри и одлучни чекори, да преземе и општина Струга и градоначалникот Рамиз Мерко.
Со секој потег во насока на заштита на охридско-струшкиот регион, не само што го заштитуваме ова наше, а светско наследство, туку во исто време го подобрувааме квалитетот на животот на граѓаните, преку афирмација на владеењето на правото. Пред законите сите сме еднакви и тука нема компромиси“, истакна Николовски.
Nikolovski

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e